Home » Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот Совет за безбедност

Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот Совет за безбедност

by Журнал.мк

Поради развојот на ситуацијата околу Украина, грчкиот премиер утрово го свика владиниот Совет за национална безбедност
Поради ситуацијата во Украина, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за утрово закажа вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност. На состанокот ќе присуствува и министерот за животна средина и енергија Костас Скрекас, јави МИА од Атина.

За напладне беше планирано Мицотакис да даде интервју за спортско радио, меѓутоа од неговиот кабинет синоќа соопштија дека „поради последните случувања во Украина, интервјуто се одложува“ и најавија дека ќе го свика владиниот совет за национална безбедност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More