Home » Мицотакис ќе потроши над 25 милијарди евра за одбрана

Мицотакис ќе потроши над 25 милијарди евра за одбрана

by Lina Muslija

На планот на Грција да инвестира над 25 милијарди евра во одбраната во следните 12 години, се осврна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при пристигнување на Самитот на НАТО во Хаг, истакнувајќи дека земјата веќе ги надминува целите на Алијансата во однос на одбранбените трошоци, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека земјата сега одвојува над три отсто од БДП за одбраната, а до 2035 година Грција ќе ја достигне границата од 3,5 плус 1,5 проценти.

– Јас сум силен поддржувач на потребата Европа да ги зголеми своите воени трошоци и да преземе поголема одговорност за нашата колективна одбрана. Грција е земја која моментално троши повеќе од три проценти од БДП за одбраната и постојано го надминуваме прагот од два отсто, дури и во многу тешкиот период на економската криза, истакна Мицотакис.

Паралелно изрази надеж дека сите земји-членки ќе ги преземат своите соодветни обврски, бидејќи станува збор за „алијанса заснована на доверба и фер распределба на товарот“.

– Смислата на алијансата е да се обезбеди фер распределба на товарот и дека нема да постои чувство дека некои земји можат да отстапат, потпирајќи се на одбранбените обврски на други земји. Верувам дека е важно да се разбере дека овие цели треба да бидат обврзувачки за сите 32 членки на Алијансата, рече Мицотакис одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Шпанија во однос на трошоците за одбраната.

За ситуацијата на Блискиот Исток, го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Иран и го изрази неговото „цврсто убедување дека трајни решенија можат да се најдат само преку активна дипломатија“.

Дополнително, посочи дека не треба да се заборават и другите аспекти на регионалната криза, истакнувајќи дека е „апсолутно неопходно да се спроведе прекин на огнот во Газа, да влезе хуманитарна помош во Газа“, што според него е „важен елемент на трајно решение за проблемот со нестабилноста во регионот“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk