Ставот дека прашањето со „прекршувањето на Договорот од Преспа од соседната земја“, Киријакос Мицотакис ќе го покрене на НАТО Самитот во Вашингтон, го повтори директорот на Канцеларијата за односи со јавност и медиуми на грчкиот премиер, Панос Амирас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ и посочи дека не е планирана средба на двајцата премиери.
-Секако дека ќе се покрене прашањето за прекршување на основните одредби од Договорот од Преспа од соседната земја. Не знам за некоја планирана средба со премиерот на Северна Македонија. Не знам дали ќе се случи, но сигурно не постои нешто што е планирано од грчка страна, рече Амирас.
Во однос евентуална средба на Мицотакис со претседателот на Турција посочи дека „и со Ердоган не е планирана“, но не ја исклучи можноста да се случи, особено во текот на утрешниот ден, објаснувајќи дека делегациите на двете земји во овој период имаат состаноци.
Позициите на Маринакис и денеска ги пренесуваат грчките медиуми во текстовите посветени на учеството на Мицотакис на Самитот, а детално ги следат и изразените ставови на Мицкоски од Вашингтон, особено во однос на тоа дали го користи терминот Македонија или терминот Северна Макединија во неговите изјави.
Премиерот Мицкоски, пред заминувањето за Вашингтон во однос на евентуалната средба со неговиот грчки колега, изрази надеж дека доколку се случи тоа, „ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи“.