Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб беше пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. По тет-а-тет средбата се потпишани два меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието. Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на експерти и советодавни услуги, а во делот на образованието исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти.
Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ
84