Home » Мицкоски: Во буџетот нема средства за субвенционирање на придонеси за плати

Мицкоски: Во буџетот нема средства за субвенционирање на придонеси за плати

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека Владата ќе прифати се што ќе договорат синдикатите и работодавачите. Тој изјави дека предлогот на синдикатите за владата да ги субвенционира придонесите до 30 илјади денари минимална плата не може да се случи, бидејќи за тоа не биле предвидени средства во буџетот.

„Инаку придонесите што би ги плаќала таа влада,дополнителните придонеси, не се предвидени во буџетот, а не знам како тие би се сложиле кога немаме репрезентативен претставник на синдикатите. Треба прво да избереме претставинк, па дури потоа можеме да зборуваме за сложување. Доколку се избере репрезентативен претставник и доколку тој заедно со работодавачите се сложат за 30,000 денари плата во која што работодавачите целосно ќе ги исплатат придонесите кон вработените, ние ќе го прифатиме и немаме никаков проблем со тоа“, рече Мицкоски.

Мицкоски го обвини и Сојузот на синдикатите на Македонија дека се здружени со опозицијата, односно, Левица, СДСМ и ДУИ. Оттаму возвратија дека работниците се борат за корка леб, а политичарите за гола политика.

„Ние работниците се бориме за корка леб, политичарите за гола политика! Борбата за зголемување на рабoтничките плати е чиста работничка борба!“, рекоа од ССМ.

Согласно законот минималната плата треба да се зголеми за 1,800 денари, односно ќе изнесува 24,400 денари и таа треба да се утврди во втората половина на месец март на следниот економско социјален совет. Синдикатите пред неколку дена,изјавија дека долоку се нема слух за нивното барање, не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк и блокади.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk