Home » Мицкоски тврди дека има над 80 пратеници, и ДУИ и СДСМ се сигурни дека нивни пратеници нема да преминат во власта

Мицкоски тврди дека има над 80 пратеници, и ДУИ и СДСМ се сигурни дека нивни пратеници нема да преминат во власта

by Журнал.мк

Премиерот Мицкоски во интервјуто за косовската РТК рече дека парламентарното мнозинство има повеќе од 80 пратеници. Сепак не беше доволно прецизен на што ја темели таква изјава. Јас сум малку пооптимист, мислам дека се повеќе од 80, но ако има потреба и фактички ќе ги видиме, рече Мицкоски во интервјуто. Дали во овие пратеници кои треба да обезбедуваат поддршка тој ги вбројува и Мендух Тачи кој ја напушти коалицијата на Европскиот фронт, како и Моника Зајкова која минатата недела изјави дека таа претендира да биде власт, Мицкоски не прецизираше, дури како и да отстапи од оваа изјава.

„Можеби имаме, само кога ќе има потреба од 80 пратеника во парламентот, тогаш можеби и имаме 80 и повеќе од 80 пратеници“, рече Мицкоски.

Кој влегува во ова мнозинство?

Мицкоски: Па доволно е сега во овој момент да оставиме кога ќе има потреба од 80 гласа во парламентот да може тоа и да се покаже во пракса.

Од ДУИ отфрлаат дека има пратеници од коалицијата Европски фронт кои би преминале во парламентарното мнозинство.

„Во врска со ова прашање, Европскиот фронт е обединет и нема движење на пратениците на Европскиот фронт од другата страна“, вели Аргита Дани.

ТВ21 го контактираше Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ кој не сакаше да даде изјава, но и тој рече дека од нивната пратеничка група нема пратеник што ќе премине во парламентарното мнозинство ниту ќе гласа за потребите на власта.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk