Home » Мицкоски: Стратешките интереси се остваруваат преку политика на принципи

Мицкоски: Стратешките интереси се остваруваат преку политика на принципи

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски с сретнал со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД. Тие разговарале за интензивна соработка базирана на принципи за пријателство, меѓусебно почитување и заемна поддршка. Стратешките интереси според Мицкоски се остваруваат преку интензивни контакти и политика на принципи.

„Се бориме за македонските позиции на секое поле“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Во рамки на посетата на Вашингтон САД, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски оствари повеќе средби и состаноци. Тој имал продуктивна и пријателска средба со конгресменот Брендaн Бојл, на која разговарале за приоритетите на НАТО алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот, а биле промовирани и економските можности и потенцијали кои ги нуди државата, како и одлучната битка против корупцијата и криминалот што е и клучна определба на новата влада.

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски имал и работна средба со претседателката на NDI, Тамара Кофман Витес, со која разговарале за демократските процеси во државата.

– Еден од најакутните проблеми е корупцијата за што како нова Влада работиме интензивно за нејзино искоренување, што подразбира и одговорност за престапниците на законот. Очекувањата на граѓаните не смееме да ги изневериме, да работиме на воспоставување на механизми каде граѓанинот ќе биде заштитен исто како и неговите интереси. Завршува времето на лаги, неспособност и не работа. Почнува време на реформи, инвестиции, дигитална трансформација. Мораме да дадеме добар пример за сите во изнаоѓање на пат до подобар животен стандард и сигурна држава која припаѓа на сите граѓани, подвлекол на средбата Мицкоски.

Мицкоски остварил средба и со поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, на која разговарале за предизвиците со кои се соочува државата, како и поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси.

– Мораме да ја менуваме реалноста и подобруваме животот на граѓаните, посочил Мицкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More