Home » Мицкоски: Со месеци повикуваме на консензус, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

Мицкоски: Со месеци повикуваме на консензус, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите го коментираше барањето на консензус од страна на опозициската СДСМ за проблемот со Бугарија.

Мицкоски рече дека опозицијата наместо да се консолидира и да се обедини за националните прашања, забивале нож во грб додека, како што рече, „власта се бори да го реши загубеното на меѓународна сцена“.

„Ние со месеци повикуваме на консензус, но наместо тоа тие не бираат средства да ни стават нож во грб, мислејќи дека ќе им се допаднат на оние кои не и мислат добро на Македонија, и дека така ќе имаат шанси да се вратат на власт. Не оди тоа така. Опозицијата испушта прилика да се консолидира. Тие за волја на вистината по два основни правци и столба би рекол, го губеа својот кредитбилитет. Првиот е овој за кој зборувам, распродавајќи ја Македонија, и вториот со многу крадење. Тоа се двата основни столба, двете причини зошто секогаш кога ќе му споменат опзиција на народот, немаат поддршка. Затоа што народот гледа кој се бори за националните интереси“, рече Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk