За време на еднодневната возвратнa посета на Македонија, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ, денеска оствари средба и со премиерот Христијан Мицкоски, на која е разговарано за натамошно упнапредување на односите на двете земји.
„Посебна чест, за време на мојата еднодневна посета на Република Северна Македонија, ми оддаде премиерот Христијан Мицкоски, со кого на работен ручек разговарав за натамошното унапредување на нашите односи и зајакнувањето на соработка, за заедничка корист на српскиот и македонскиот народ“, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил, постирајќи фотографии од средбата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово беше домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ каде разговараа за продлабочување на соработката, намалување на метежот на граничните премини, справување со миграцијата, заеднички патроли и меѓусебна поддршка.
Дачиќ имаше средба и со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.