Home » Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите

Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски лично и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во државата денеска им го честита празникот Свети Сава, посакувајќи многу здравје, среќа, бериќет и духовен мир.

Во честитката се посочува дека празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија.

– И ова го покажува меѓусебното почитување и доверба, како и добрата соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ. Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина, вели во честитката Мицкоски.

Македонија, се подвлекува, мора да се гради и да има економски напредок, а тоа го можеме само доколку сме сплотени.

– Затоа цврсто сум убеден дека градењето на соживот, толеранција и пријателство ќе биде еден од вредностите кои ќе бидат нашата водилка за остварување на нашите цели. Почитувани пријатели од српскатa заедница, Ви посакувам убав празничен ден исполнет со радост, се наведува во честитката од премиерот Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk