Home » Мицкоски оствари телефонски разговор со британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами

Мицкоски оствари телефонски разговор со британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами

by Журнал.мк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами, британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој.

Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка.

Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за потесна соработка со Обединетото Кралство на заеднички проекти кои ќе донесат економски и политички бенефит за граѓаните.

Постои простор за интензивирање на пријателските односи и за заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката и економската размена.

Се разговараше за повеќе прашања од регионален контекст, при што беше истакната заложбата на македонската страна за водење на политика на дијалог и заедничка соработка за зацврстување на меѓусебните односи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk