Home » Мицкоски оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман

Мицкоски оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман

by Журнал.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и меѓународниот секретар на Унијата на жените, Марија Митева, оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и за предизвиците на Македонија во процесот на европската интеграција.

Претседателот Мицкоски ја истакна својата загриженост за, како што рече, добиените извештаи на релевантни меѓународни организации, во кои преовладува укажување за постоење високо ниво на корупција. Тие ја информираа Лирман дека процесот на европската интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи, кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството, владеењето на правото и справување со високото ниво на корупција.

Воедно, Мицкоски ја истакна потребата што ја има Македонија што побргу да ги почне преговорите со ЕУ заблагодарувајќи се на големата поддршка што Македонија ја добива од страна на Германија, но истовремено потенцира и дека независно од пристапниот процес недостигаат вистински чекори на патот на реформите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk