Home » Мицкоски – Орбан:„ Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат“

Мицкоски – Орбан:„ Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат“

by Журнал.мк

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово имаше куса средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид.

Тој објави фотографии на Фејсбук и напиша дека имал плодна и пријателска средба со унгарскиот колега.

„Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво.
Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

Орбан е во официјална посета на Македонија, а денеска ќе има и обраќање пред новинарите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk