Home » Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија

Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија

by Журнал.мк

Од маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски во изјава вели „после овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде“.

– Денеска во Будимпешта во присуство на Европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Бев придружуван од страна на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, министерот за европски работи Орхан Муртезани и делегацијата којашто ја сочинуваат претставници на мојот кабинет, мојот советник за надворешни работи амбасадорот Сашо Марковски, шефот на кабинет Владимир Неловски и останатите. Навистина во текот на денот направивме многу билатерални средби, ги презентиравме нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина онаа којашто е важна, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено и да ги презентираме нашите погледни и аргументи за нашиот евроинтегративен пат. Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е. Онаа вистина којашто ја чувствуваат нашите граѓани и којашто е важна за нашата Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија, и во неделите, месеците, годините коишто ни следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна а местото наше е во рамките на Европската унија. После овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина – изјави Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk