Home » Мицкоски: Нема да почитуваме шверцерски договор со Бугарија

Мицкоски: Нема да почитуваме шверцерски договор со Бугарија

by Журнал.мк

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Кочани порача дека тие нема да почитуваат „шверцерски“ договор со Бугарија со кој се прави штета на националните интереси.

-Она што ме загрижува е што во континуитет токму СДСМ и овој слепиот следбеник на заевизмот, Ковачевски се повеќе се одалечуваат од потребата за национален консензус за прашања кои се суштински важни за народот и заедничката иднина. Спорот со Бугарија останува отворен и се попродлабочен. Најпрво мислев дека се работи за незнаење, на немање на чувство за моментумот, но се повеќе станува јасно дека станува за тенденција на Ковачевски и владата да не сакаат да постигнат национално единство. Отсуството на единство за вака важни прашања значи само нов пораз за Македонија и македонскиот народ. А, ако ова се лекциите на Заев кои ги следи Ковачевски, јас би му порачал да се тргне од таа прегратка затоа што лош е учителот, а нема поголем учител од волјата и гласот на народот затоа што тој никогаш не греши, рече Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk