Home » Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

by Журнал.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.

На средбата беше потенцирана силната европска заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада, што е еден од трите главни постулати на делување, покрај борбата со криминалот и корупцијата и забрзаниот економски развој.

Мицкоски кажал дека државата мора да се трансформира во секое поле и да се подобри значајно животот на луѓето.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како што е наведено во соопштението, своето делување ќе го базира исклучиво на законите, и злоупотреби како претходната влада во минатото со европското знаменце нема да се применуваат.

Заклучок е дека граѓаните заслужуваат европска иднина, и таа мора да дојде што побрзо, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More