Home » Мицкоски на средба со амбасадорката на Швајцарија: Идната влада ќе биде посветена на силни реформи за Македонија

Мицкоски на средба со амбасадорката на Швајцарија: Идната влада ќе биде посветена на силни реформи за Македонија

by Журнал.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски остварија средба со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман.

Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на идна стабилна Влада и била потенцирана силната посветеност на ВМРО-ДПМНЕ која како идна влада ќе се посвети на трите главни постулати – борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформите неопходни за евриоинтегративниот пат на Македонија.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на амбасадорката за поддршката која Швајцарија и ја пружа на Македонија од осамостојувањето до денес и со сигурност се потврди и соработката која ќе се продлабочува и проширува во иднина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More