Home » Мицкоски: Многу од партиите кои се сега во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Многу од партиите кои се сега во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ

by Журнал

„Има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Вевчани.

Тој истакна дека очекува тие партии да ја прифатат програмата и платформата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекуваме да ја прифатат програмата и платформата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на една таква платформа и програма да ја вратиме Македонија онаму каде и е местото каква што сакавме да ја видиме во оние рани 90ти. Да биде победничка Македонија а не ваква опљачкана, понижена и напуштена Македонија“, заклучи Мицкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More