Home » Мицкоски: Измените во здравството предвидуваат намалување на функционерите и лоцирање на одговорноста, реформата продолжува и со намалување на функционерските надоместоци

Мицкоски: Измените во здравството предвидуваат намалување на функционерите и лоцирање на одговорноста, реформата продолжува и со намалување на функционерските надоместоци

by Журнал.мк

„Новите измени што ги предложи Владата предвидуваат намалување на функционерите во здравството, стоп за дуализмот и лоцирање на одговорноста, бидејќи досега некако се префрлаше одговорноста од еден на друг, немаше јасна хиерархија и вертикална субординација“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Општина Гевгелија.

Мицкоски појасни дека досега се случуваше едниот директор да носи една одлука, другиот друга одлука и тоа создаваше дуализам и конфликт кој пак создаваше проблем во функционирање на здравството.

„Второ, намалување на функционерски надоместоци. Тука нема да застанеме продолжува реформата, таа е интензивна ќе имаме обединување на Клиничкиот центар, односно клиниките во рамките на Клиничкиот центар во една институција, односно правно лице и понатаму продолжуваме со регионализацијата и локалниот пристап на здравствениот систем“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека овие измени се предложени во програмата и граѓаните гласаа за истите и додаде дека интересот на Владата е штитење на интересот на граѓаните.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More