„Немаме преговори, но има луѓе кои што се дел од од раководството на ДУИ и кои што сакаат катарза внатре во партијата од овие поединци кои ја имаат заробено и да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Зошто мислите дека огромен дел од раководството на ДУИ, минус овие коишто се љубители на игрите на среќа и овие коишто шетаат по светов и го кодошат ВМРО-ДПМНЕ не молат и не сакаат да бидат дел од идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Ова првин во форма на прашање, а потоа давајќи и образложение го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, одговарајќи на прашања за можни коалиции со партиите на Албанците и евентуални преговори.
Мицкоски на оваа тема беше дециден дека ВМРО-ДПМНЕ нема преговор со ниту еден политички субјект за коалицирање, а во однос на ДУИ рече дека во оваа партиија има луѓе кои сакаат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас ви кажувам дека немаме преговори, но има луѓе кои што се дел од од раководството на ДУИ и кои што сакаат катарза внатре во партијата од овие поединци кои ја имаат заробено, љубители на игри на среќа шетачи по светот кодоши на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија итн. да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Немаме преговори, еве јас ви кажувам дека немаме, со ниту едни, ниту со европскиот фронт за промени во кој што во тројна коалиција се (Билал) Касами, (Африм) Гаши и (Изет) Меџити, немаме. Немаме ниту со Максим Димитриевски, немаме ниту со овој дел на ДУИ којшто сака една внатрешна катарза, да се ослободи од овие луѓе. Немаме со никого, ви кажав“, рече Мицкоски.
Тоа, како што додаде тој, може да се случува во втората половина на февруари.
„…но има сигнали од сите страни. Ние сепак сме во политиката“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Говорејќи на темата, Мицкоски рече дека посакуван партнер на ВМРО-ДПМНЕ од партиите на Албанците е „Европскиот сојуз за промени“ кој го сочинуваат партиите Алтернатива на Африм Гаши, Беса на Билал Касами и Демократско движење на поранешниот висок функционер на ДУИ, Изет Меџити.
„Нашиот партнер се знае кој е – народот и нормално на политичката сцена албанскиот коалициски партнер би сакале да биде оваа тројна коалиција Европски фронт за промени на Касами, Гаши и Меџити. Јас ова не сакам многу да го зборувам во јавност и зошто бегам од оваа тема. Затоа што овие другиве имаат стекнато голем имот, материјално се моќни, преку медиумите, структурата којашто ја имаат ги анатемисува, видете овие со кауриве сакаат на нас Албанците повторно да ни нанесат штета“, кажа Мицкоски.