Home » Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази

Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има доверба во работењето на Изет Меџити, а им порача на Демократската унија за интеграција (ДУИ) доколку имаат докази за негово незаконско работење да ги достават.

Ова беше одговор на Мицкоски на новинарско прашање да го коментира соопштението на ДУИ во кое тие изразија сомнежи за распределбата на фондовите за проекти во културата, посочувајќи дека Сарана Адеми, која е шеф на кабинетот во партијата на Меџити, Демократско Движење, била именувана за член на комисијата за музичка дејност.

Премиерот Мицкоски во одговорот рече и дека со потпретседателот на Влада и министер за животна средина има непосредна блиска соработка.

– Апсолутно сите оние кои поседуваат какви било докази за такво нешто за кое ДУИ тврди еве ги повикувам, мојот број сите го знаат. Денес, утре, да дојдат, ако треба ќе напуштам состанок да ги видам тие докази и да ги дадеме на органите коишто треба да постапуваат. Во спротивно морам да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сеат пердуви, да се занимаваат со магла, магла којашто е оптоварена со зборот корупција бидејќи тоа беше нивно второ име во минатото во коешто главен атрибут беше Трговски центар Соравија во Скопје, ролс-ројс автомобилите на сватовите, деловните простории на семејството на тогашниот потпретседател и шеф на кабинет на господинот Ахмети и така натаму, истакна Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Според премиерот за редење на скандалите на ДУИ, може да има една цела прес-конференција. Тој за ДУИ оцени, дека „Фројд, владеее со нивната потсвест“ и истакна дека има апсолутна доверба во работењето на господинот Меџити.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk