Home » Мицкоски и Перински во посета на Кисела Вода

Мицкоски и Перински во посета на Кисела Вода

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа денеска ќе присуствуваат на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во с. Драчево во Општина Кисела Вода.

Вредност на проектот за реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во должина од 2,5 км и ширина 4 м изнесува 30.000.000 денари.

Ова е еден од четирите капитални проекти на Општина Кисела Вода кои се реализираат со средства од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.

На настанот ќе присуствува и заменикот министер за локална самоуправа, Ерџан Селими.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk