Home » Мицкоски и министрите ќе учествуваат на дводневен унгарско-македонскиот владин самит

Мицкоски и министрите ќе учествуваат на дводневен унгарско-македонскиот владин самит

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит што ќе се одржина утре и задутре во Република Унгарија.

Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан.

Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади.

Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта, стои во соопштението.

По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција за медиуми ќе одржат премиерите на двете земји.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk