Господине Филипче, дали сте сигурни дека не се плашите, го праша Премиерот Мицкоски опозицискиот лидер Филипче на седницата за пратенички прашања во Собранието реплицирајќи на неговиот говор.
Почитуван, Венко Филипче, сигурен сте дека се лаги и клевети ова што го зборував? Ај, преиспитајте се уште еднаш.
Дали сте сигурен? И сигурен сте дека не се плашите? Добро, добро. Во ред. Во ред.
Човечки е, јас да сум го правел тоа што сте го правеле дека ќе бидам загрижен.
Но во ред вие сте изгледа храбар човек, јас не сум толку храбар човек, по затоа можеби не се плашите“ – рече Мицкоски.
Репликата следеше откако Филипче рече дека не се плаши од можни кривични постапки кои би се воделе против него и функционерите од претходната Влада.