Home » Мицкоски: Европа има шанса да ја исправи историската неправда

Мицкоски: Европа има шанса да ја исправи историската неправда

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Европа има можност да исправи историска неправда нанесена на македонскиот народ, коментирајќи ја работната верзија од извештајот на европратеникот Илхан Ќучук Вајц, каде што, како што рече, за првпат експлицитно се признава постоењето на посебен македонски идентитет.

„Овој извештај е значаен бидејќи за првпат се наведува македонскиот идентитет како посебен. Тоа е чекор напред, но одредени европратеници, вклучително и пратеници од нашата сестринска партија ГЕРБ, предлагаат пред терминот ’македонски идентитет’ да се додаде зборот ’сегашен’. Тоа е проблематично и потврдува за што предупредувавме уште од почетокот – дека се создава концепт на ’вештачка нација’“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека веќе имал интензивни разговори со влијателни претставници во Европскиот парламент и институциите во Брисел и порача дека нема да прифати формулации кои го доведуваат во прашање историскиот и национален континуитет на македонскиот народ.

„Ова не е прашање на неколку стотини граѓани кои се идентификуваат како Бугари. Ова е обид за системска промена на идентитетот на целиот македонски народ. Јас тоа нема да го прифатам. Таквите формулации не се во духот на европските вредности и претставуваат опасен преседан“, истакна Мицкоски.

Тој ја обвини претходната влада, предводена од Димитар Ковачевски и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, дека со прифаќањето на таканаречениот „француски предлог“ ја ставиле Македонија во подредена позиција.

„Европа сега има можност да покаже интегритет. Нема едногласност, што значи дека постои простор за корекција. Чекам Европа да даде одговор и да ја исправи грешката направена со прифаќањето на предлогот од страна на тогашната влада“, рече премиерот.

Според него, официјална Софија никогаш не се откажала од ставовите кои, како што оцени, се во духот на „Живковизмот“, со тенденција да го прикаже македонскиот идентитет како изведен од бугарскиот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk