Home » Мицкоски: Диктати и уцени од ДУИ не прифаќаме

Мицкоски: Диктати и уцени од ДУИ не прифаќаме

by Журнал.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител кажа дека диктати и уцени од ДУИ не прифаќаат. Тој ваквиот настап на ДУИ го карактеризираше како фолклор и обид за дефокус на јавноста од криминалот.

– “Прво треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќа и тоа е барем многу јасно. Ниту јас како личност, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Треба да им е јасно од политиките досега кои сега ги водиме дека тоа за нас е неприфатливо по ниедна цена“, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што нема намера таков диктат да прифати, туку ни на памет не паѓа да седнат и да разговараат врз основа на вакви пораки.

– “Второ со ваквиот тип на политики и пораки во јавноста и кон меѓународната заедница тие јасно кажуваат дека се се’ само не се европска партија. Покрај фактот што не членуваат во ниту едно европско семејство, со ваквиот тип на уцени и пораки тие практично докажуваат уште еднашка дека го имаат изгубено својот идентитет од пред 20 и повеќе години. Ако пледирате да бидете државотворна партија треба така и да се однесувате“, рече Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk