Home » Мицкоски ќе продолжи онаму каде застана неговиот ментор Груевски, вели Ковачевски

Мицкоски ќе продолжи онаму каде застана неговиот ментор Груевски, вели Ковачевски

by Журнал.мк

Лидерот на владејачкиот СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше на отворање на промотивен штаб на СДСМ во Битола од каде порача дека претстојните избори се клучни за иднината на државата и од нив зависи дали, како што рече, ќе останеме на патот кој води кон просперитетна, развиена и европска држава.

-А повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални. Сите се сеќаваме како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и нѐ донесе до дното. Мицкоски само ќе продолжи таму каде што неговиот ментор застана, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нѐ дозакопа и ќе нѐ дозаглави, само за своја лична сатисфакција – рече тој.

Ковачевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ не ја интересира иднината на државата и граѓаните. Како пример за тоа ги посочи локалните избори кога, според него, ветувале сѐ што им паднало на памет, а на крајот ништо не направиле.

-Битола и битолчани знаат која е најдобрата опција за подобра и просперитетна иднина. Која опција носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која не се откажува од европскиот пат – рече тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More