Home » Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нов модерен пазар во Општина Неготино

Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нов модерен пазар во Општина Неготино

by Журнал.мк

Ве известуваме дека денеска 21.08.2024 година (среда) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нов градски пазар во Општина Неготино (локација: Плоштад на Општина Неготино), каде што ќе даде изјава за медиуми.

Изградбата на нов градски пазар е на местото каде што е и локацијата на постоечкиот и подразбира нов, затворен, модерен и најсовремен градски пазар каде ќе бидат поставени нови и современи метални тезги, ќе биде обезбеден полесен и безбеден пристап до пазарот, со еден збор Општина Неготино ја остварува долгогодишната желба на своите граѓани кои конечно ќе добијат градски пазар по највисоки стандарди.

Вредноста на проектот е 25.913.899 денари обезбедени од буџетот на Општина Неготино, а предвидениот рок на завршување на изведбата е март 2025 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More