Нам ни се случува т.н. „србизација“ на Македонија, кога Пендаровски се слика со Вучиќ на Пелинце, забораваат дека Шешељ ги тепаше македонските политичари. Србите не може да ни заборават дека во најголемата блокада заради нас успеаа да преживеат. Под пресија на Белград ние имавме антибугарска политика. И на моите бугарски пријатели им велам дека се направија да ја вратат Македонија во скутот на Белград.
Не може да разговарате за перспективата на Македонија ако не направите компромис, во интервјуата со Мицкоски не чув алтернатива за ЕУ.
Каква ќе биде перспективата на партијата кога Фон Дер Лајен доаѓа во Скопје а не се сретнува со лидер на опозиција. Најиндикативно е што идниот премиер на Македонија што прво би требало да оди во Брисел, а не да оди во Будимпешта.
И да се внесат и да не се внесат бугарите во уставот, Македонија ќе опстои но на различен начин. Ние имаме пубертетско политичко раководство. Бугарите молат бога да не ги внесеме во уставот, да имаат повод да не блокираат на пат кон ЕУ.
Киро велеше еквидистанца со соседите, Љубчо велеше кохезија и тоа е најправилно.
Мислам дека Мицкоски ќе биде премиер и ќе ги внесат бугарите во уставот под некои услови откако ќе дојдат на власт.