Home » Мицкоски ја подготвува изборната програма, ветува подобар стандард за граѓаните

Мицкоски ја подготвува изборната програма, ветува подобар стандард за граѓаните

by Журнал

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи откри дека веќе се подготвува програмата со која ќе настапат на претстојните избори.

„Денес присуствував на традиционалниот Василичарски коктел во Кичево кој годинава имаше и хуманитарен карактер.

Кичево е победнички град. Потребна е победа и потребно е работата да се заврши на 24 април и на 8 мај. Се работи на подготвување на изборната програма, се работи за инвентивен модел меѓу политика и економски модел преку кој ќе се подобри стандардот на граѓаните, но истовремено ќе се добие функционалност на државните органи. Ќе има одговорност за сите кои го прекршиле законот. Промените доаѓаат“, пишува Мицкоски на ФБ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More