Home » Мицкоски ја држи првата владина седница

Мицкоски ја држи првата владина седница

by Журнал.мк

Новиот премиер Христијан Мицкоски денеска ја предводеше првата седница на новоформираната влада, а за донесените одлуки треба јавноста да биде известена подоцна.

Според претходните најави, познато е дека ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии. Станува збор за проект, ветен од новата власт пред изборите, со кој повеќе од 300 илјади пензионери треба да добијат повисоки пензии од септември.

Со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што беше кажано, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More