Home » Мицевски: Проблемот со испразнетото место во Државната изборна комисија ќе се надмине

Мицевски: Проблемот со испразнетото место во Државната изборна комисија ќе се надмине

by Журнал

Со повлекувањето на еден од кандидатите за член на Државната изборна комисија (ДИК), отворени се можностите Комисијата за прашања на изборите и именувањата да го избере седмиот член на ДИК, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој присуствуваше на отварање на реновираното подрачно училиште ООУ „Страшо Пинџур“ во село Таринци во Општина Карбинци. Со ова, како што вели, се надминува проблемот со испразнетото место во Државната изборна комисија, а кое треба да го пополни член на албанската опозиција.

-Она што е добро и што сакам да го спомнам денес е дека информациите коишто ги имаме дека проблемот што постоеше во Комисијата за избор и именување, односно со неповлекувањето на двата члена за пополнување на едното испразнето место за албанската опозиција, еден од кандидатите ги повлекол документите. Така што, отворени се можностите на Комисија да донесе одлука и да испратиме до пленарна седница, значи материјал врз основа на којшто еден од кандидатите, мислам дека се викаше Абдуш Демири ќе биде кандидат за пополнување на местото во Државна изборна комисија, вели Мицевски.

Посочи дека изборот на член на ДИК се прави со двотретинско мнозинство и како што рече, очекува во рокот којшто го имаат да го изберат новиот член на ДИК и да се пополни седмото испразнето место во оваа институција надлежна за организирање и спроведување на изборите.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ истакна дека очекува попладне околу 17 часот, претседателот на Собранието Јован Митрески да ги распише изборите и да почнат да течат роковите. Прашан дали во неговата партија веќе се знаат кандидатите за пратеници и носителите на листите за пратеници во изборните единици, Мицевски одговори дека во тек се внатрепартиските консултации и анкети со граѓаните.

-Дадени се имињата од секој Општински комитет, потенцијални кандидати за носители на листи и за пратеници. Очекувам дека структурите, односно органите на партијата по завршување на сите тие испитувања на јавното мислење ќе излезат со предлог до Централниот и Извршниот комитет, изјави Мицевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More