Home » Мицевски: Најмалку посакуван политички партнер е ДУИ

Мицевски: Најмалку посакуван политички партнер е ДУИ

by Журнал

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вечерва во „Click Plus“ на тв21рече дека нивниот став е конзистентен во однос на именувањето на претседателот на Собранието – Талат Џафери за премиер на државата.

„Оваа влада и ова владејачко мнозинство ги кршат законите, го кршат Уставот на државата и впрочем тоа е тоа што ќе се случи за жал и со формирање на оваа техничка Влада“, вели Мицевски.

Тој го повтори ставот на партијата и порача дека нема да гласаат за Талат Џафери и тоа поради многу причини кои веќе се познати.

„Договорите кои ги прави Ковачевски, кој што ги правел Заев со Али Ахмети и со Артан Груби не се пред законите во оваа држава“, порача Мицевски.

Додава дека најмалку посакуван политички партнер им е ДУИ и смета оти потребно е освежување.

„Добро е ДУИ поради нив да замине во опозиција затоа што проветрување на одредени политички субјекти е добро за политичката сцена затоа што долгото владеење придонесува и до некои негативни ситуации, односно реакции кои што се случуваат во внатрешноста“, вели Мицевски.

Според него, посакувано сценарио е албанската опозиција, а се надева и дека граѓаните ќе сфатат дека промена на власта донесува и на економски и на било кој друг аспект во земјава.

Мицевски говорејќи за новата лидерка на „Нова Алтернатива“ и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, истакна дека и во минатото имало примери кога ВМРО-ДПМНЕ згрешило во проценката.

„Сликата која што вчера ја видовме од вчерашната промоција кажува се, односно тоа што тајно се заговараше и зборуваше а тоа е за коалицијата Данела Арсовска-СДСМ, Левица и ДУИ станува јавно презентирано пред граѓаните“, вели тој и додаде дека тоа е политички субјект на којшто не би му давал значење.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More