23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Microsoft ja купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари

Најчитани вести

Microsoft соопшти дека ќе го купи гигантот во индустријата за видео игри, компанијата Activision Blizzard, за 68,7 милијарди долари и тоа во готовина.

Договорената цена значи дека Microsoft ќе плати 95 долари по акција на Активижн.

Акциите на Activision скокнаа за 27 отсто на Њујоршката берза по објавувањето на веста, додека акциите на Microsoft паднаа за помалку од 1,0 отсто.

Доколку се реализира аквизицијата, тоа ќе биде досега најголемото преземање на Microsoft, по купувањето на LinkedIn во 2016 година за 26,2 милијарди долари.

Активижн, познат по популарните видео игри како Call of duty, Diablo и други, се најде во центарот на вниманието на јавноста во последните месеци поради извештаите за сексуално недолично однесување и малтретирање од страна на одредени директори. Компанијата во понеделникот соопшти дека отпуштила десетици директори по спроведената истрага.

Според договорот, извршниот директор на Activision, Боби Котик, чија оставка се бараше поради проблемите со односот на шефовите кон вработените во неговата компанија, и во текот на транзицијата ќе остане генерален директор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com