20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Microsoft Edge добива режим што ја оптимизира брзината и перформансите

Најчитани вести

Microsoft Edge во текот на претходните неколку месеци доби голем број нови функции, што му даваат предност на прелистувачот во однос на конкуренцијата. Сега се појавија информации за уште една функија која е во развој и може да овозможи предност на Edge во однос на Chrome и Firefox.

Performance Mode ќе му овозможи на корисникот да ја оптимизира брзината на пребарување на интернет и одзивот, како и да ја намали употребата на ресурсите од процесорот, RAM меморијата и батеријата. Ова ќе им биде од значење на оние кои покренуваат повеќе табови со други апликации или игри, ослободувајќи простор за да постигнат најдобри резултати.

Ова е поврзано со Sleeping Tabs функцијата, која Edge ја доби во текот на 2020 година, а која им овозможува на табовите да се „замрзнат“ кога не се користат активно, што ја намалува употребата на процесорот и RAM меморијата.

Performance Mode е моментно достапен само во Microsoft Edge Canary 91 верзијата, за одредени корисници, но на стандардната верзија на платформата би требало да пристигне подоцна во текот на 2021 година. Функцијата би требало да биде најпогодна за гејмерите и стримерите, кои вообичаено имаат голем број активирани и отворени апликации и табови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести