Home » Microsoft ја укинува поддршката за Mail, Calendar и People

Microsoft ја укинува поддршката за Mail, Calendar и People

by Lina Muslija
Microsoft веќе со месеци ги префрла постојните корисници на новиот Outlook за Windows, а сега најави укинување на поддршката за Windows Mail, Calendar и People кое ќе стапи на сила на 31 декември.

Microsoft планира да ја укине поддршката за апликациите Windows Mail, Calendar и People на 31 декември оваа година. Американскиот технолошки гигант веќе неколку месеци ги префрла постојните корисници на новиот Outlook за Windows, така што оваа одлука не е изненадување.

Откако ќе биде укината поддршката, Microsoft предупредува дека корисниците повеќе нема да можат да испраќаат и примаат е-пошта преку Windows Mail и Calendar.

Како што пренесува The Verge, Microsoft постепено го воведува веб-базираниот Outlook за Windows кој официјално стана достапен за сите корисници во август оваа година. Новиот Outlook е дизајниран со цел со време да ја замени десктоп верзијата.

Постојните инсталации на класичниот Outlook, преку трајни и претплатнички лиценци, ќе продолжат да бидат поддржувани барем до 2029 година, што значи дека ќе помине уште време пред Microsoft целосно да ги префрли сите корисници на новата верзија на Outlook. Повеќе информации за плановите на Microsoft за новиот Outlook може да ги пронајдете на овој линк.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk