20 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Microsoft може да го објави Windows 10X уште во март

Најчитани вести

Веќе некое време знаеме дека Microsoft работи на поголеми промени во Windows и ширењето на екосистемот. Една од нив е и објавата на Windows 10X верзијата, која според претходните наводи се очекува во текот на пролетта.

Сега дојавувачот за Microsoft,  WalkingCat сугерира дека оперативниот систем може да пристигне како „The New Windows“, а официјалната објава може да следува веќе во март.

Се наведува дека Windows 10X нема да биде понуден како самостоен оперативен систем, туку ќе биде достапен само како преинсталиран на новите уреди.

Windows 10X оригинално беше наменет да биде инсталирам на уредите со два екрана, но тој план се промени и оперативниот систем најпрвин ќе се појави на компјутерите со еден екран.

Во меѓувреме, Microsoft ја завршува работата на Windows 10 21H1 верзијата на својата стандардна платформа, а ова ажурирање се очекува во текот на април или мај.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести