23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Microsoft го претстави Surface Laptop 4 со AMD и Intel процесори (ВИДЕО)

Најчитани вести

Microsoft официјално го објави Surface Laptop 4, кој пристигнува со новите AMD Ryzen 4000 и Intel процесори од 11. генерација, а ќе се најде во продажба од 15 април.

Surface Laptop 4 ќе биде достапен со четири опции на процесор. AMD верзиите ги вклучуваат AMD Ryzen Microsoft Surface Edition моделите, што значи дека се работи за полуприлагодени чипови со дополнителни модификации и подобрувања на перформансите.

Лаптопот сега има опции со AMD Ryzen 5 4680U и Ryzen 7 4980U, односно Intel Core i5-1135G7 и Core i7-1185G7 процесори. AMD моделите имаат Radeon графика, додека верзиите на Intel доаѓаат со Intel Iris Xe графика.

Останатите карактеристики на лаптопот се исти како кај Surface Laptop 3 моделот. Тука се  опциите со 8 GB, 16 GB или 32GB LPDDR4X RAM меморија, 256GB / 512GB / 1TB простор за складирање, 1x USB-C, 1x USB-A, 1x Surface Connect порт, 720p веб-камера, стерео звучници со Dolby Atmos поддршка, Wi-Fi 802.11ax и Bluetooth 5.0.

Surface Laptop 4 од 13.5 инчи има 2256 x 1504p резолуција, додека 15-инчниот модел има 2496 x 1664p екран. Двата дисплеја имаат 3:2 однос на страници и поддршка за опционален Surface Pen.

Лаптопот пристигнува во Ice Blue, Sandstone, Platinum и Matte Black варијанти на бои, по цена од 1000 долари за верзијата со AMD процесор и 1300 долари за најевтиниот модел со Intel процесор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести