-2 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Microbladng-Јапонска метода за исцртување на веѓи

Најчитани вести

Исцртување на веѓи дава сосема природен и неверојатно привлечен изглед, воедно уредниот изглед на веѓите никогаш не излегува од мода. Одамна е повторно дојдено  време на полни, густи и совршено обликувани веѓи.

Microblading-јапонската метода за исцртување на веѓи е идеалното решение за оние кои имаат истенчени веѓи, сакаат да постигнат нов и правилен изглед на веѓите или пак оние кои скоро и да немаат веѓи. При оваа метода не се користи апарат за исцртување како до сега, туку веѓите се цртаат влакно по влакно. Специфичниот метод на исцртување дава потполно природен изглед, бидејќи не се пополнува целата форма, туку, со посебна техника, се цртаат тенки и закривени влакненца во правец на нивниот природен раст. Веѓите можат да се задебелат, да се изедначат, или да се подигнат во сите природни бои почнувајќи од најсветли па се до најтемни, во зависност од вашата желба. Обликот на веѓите се формира исклучиво според формата на лицето и карактерот на клиентот. Пигментот, односно бојата на веѓите, се определува во зависност од пигментот на Вашите природни веѓи.

Под терминот веѓи со “природен изглед“ се подразбираат средени веѓи со убав изглед, кој наликува на нивниот природен изглед. Со нивното исцртување влакно по влакно се добива впечаток дека веѓите воопшто не се исцртани, нешто што беше потешко да се постигне со претходната техника на исцртување на веѓи. Поради ова можам да кажам дека со сигурност ја препорачувам Microblading методата, со која во потполност ќе го вратите долгопосакуваниот ефект на природен изглед на веѓи.

Suzana Blazevska – Kozmetolog – edukator

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести