23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Мицотакис: Вакцинираме околу 5.000 граѓани дневно

Најчитани вести

Вакцинираме околу 5.000 сограѓани дневно и сигурен сум дека со ова темпо ќе се придржуваме до планот одреден од Комисијата за вакцинација и од Организацискиот комитет на операцијата „Слобода“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на синоќешниот редовен состанок  за планот за вакцинација во земјата и изрази задоволство што вакцинацијата тече нормално, врз основа на планот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека на 20 јануари започнува вакцинацијата на населението, почнувајќи со ранливите категории, односно граѓаните над 85 годишна возраст, додека пак следниот понеделник ќе се отвори и платформата за закажување термин.

Додаде дека земјата, сепак, ја очекуваат тешки месеци, бидејќи „знаеме дека не може преку ноќ да се изгради ѕид на имунитет “.

-Ќе биде потребно време за да се вакцинира значителен процент од нашата популација. А, исто така, знаеме дека сè додека тоа не се случи, ќе мора многу внимателно да ги следиме мерките, како што ни укажуваат експертите, порача грчкиот премиер.

Паралелно на специјален сајт, што се ажурира секојдневно, граѓаните можат да го следат процесот на вакцинација и колку лица веќе се вакцинирале.

Според податоците, заклучно со вчера во 17.40 часот, првата доза од вакцината ја примиле 16.233 лица.

Вакцинацијата во Грција започна пред десет дена, на 27 декември, а до понеделник се вакцинираат здравствените работници и персоналот и згрижените во домовите за стари лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести