8.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Мицотакис: Предизборно направив сѐ за да го спречам Преспанскиот договор

Најчитани вести

Предизборно направив сѐ за да го спречам договорот, но и со целосна искреност предупредив дека ако се потпише, ќе биде тешко да се поништи. Сега гледам да ги подобрам аспектите на Преспа, кои предизвикуваат проблеми, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за весникот „То Вима“.

„Мојата влада ги поддржа производителите од Северна Грција да го обезбедат македонскиот бренд. Претходната влада не го стори тоа. Јас се видов со Заев и му реков: „види, сакам добрососедски односи, но нема да прифатам погрешни толкувања за идентитетските прашања што се поврзани со Грција“. И секогаш поддржував дека треба да се задржи отворен европскиот пат на Западен Балкан.“ – вели Мицотакис.

Грчкииот премиер ги отфрли критиките дека по изборите го променил ставот за Договорот од Преспа и напомена дека со помош на економијата, која пополека закрепнува од долгогодишната криза, Грција, одново ќе ја има лидерска улога на Балканот,.Мицотакис се осврна и на односите меѓу Анкара и Атина. Порача дека секогаш ќе биде отворен за дијалог со соседите, но и предупреди дека вооружените сили на Грција се подготвени да одговорат на секаков вид на агресија.

Најнови вести