13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Мицкоски се искачи на Петлец, на местото каде загинал Даме Груев

Најчитани вести

Овој викенд искачувањето на планинските врвови дефинитивно е „ин“ кај македонските политичари, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека го посетил Петлец, местото каде загинал Даме Груев, еден од идеолозите на Внатрешно-македонската револуционерна организација.

„2/Јануари/2021, сабота, претпладневно искачување на Петлец, Малешевски Планини. Во 1906 година на ова место згаснува животот на еден од основачите на организацијата Дамјан Груев, идеолог, борец, револуционер, организатор на борбата за слобода на Македонија. Неговата борба е наш долг, за кого, ако не за Македонија“, напиша претседателот на најголемата опозициска партија.

Мицкоски е љубител на планинарењето и често го искачува Водно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести