25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Мицкоски: Ако Заев продолжи да турка политички попис, ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ГО ПРИЗНАЕ

Најчитани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Нетпрес вели дека власта сосема погрешни нетранспаренто го води процесот за пописот, а тоа затоа што не сакаат тој да биде статистичка операција туку асолутно политичка.

– Еве ќе имате прилика да видите кои ќе бидат регрутирани да бидат попишувачи и голем дел од нив да не речам можеби сите ќе бидат дел од структурите на СДСМ и ДУИ, еве ќе видите. А, зошто? Затоа што тоа е платено по 300, 400 евра од човек,  тоа е добра основа за утре за локални, понатаму тоа е добра основа за мапирање на теренот каде се минува со пакетче, каде се проаѓа со коверт, каде не се минува со ништо, тоа е добра основа да може утре на локалните избори да се пуштат партиски луѓе да притискаат врз луѓете и да тргуваат со нивни гласови, потенцира Мицкоски.

Мицкоски додава дека пописот може да се направи една година подоцна и тој да биде според препораките на ОН, како што тоа го направија многу поразвиени држави од Македонија, како Германија, Ирска а од соседството Бугарија и Србија.

– Тоа е првиот дел од тезата, вториот дел е што велат ќе биде статистичка операција со комбининиран метод теренски и електронски. Добро, доколку тоа е така, зошто тогаш потребата од двоен попис. Зошто мора резултатите на крај да ги потврдат директорот кој е предлог на СДСМ и неговиот заменик предлог на ДУИ кој патем речено ова се можеи неговите први месеци како вработен во Завод за статистика. Не ја гледам логиката, тогаш ако е електронска  да ги внесеме  матичните броеви да ги вкрстиме со базите, кои патем речено не знаеме кои се базите, и компјутер ќе ни го даде резултатот, бројка – толку луѓе се. Зошто мора да има два потписа?! Затоа што на крај има политички договор и чувството, недовербата е таква, не зборувам само кај Македонците, туку кај сите граѓани од сите етникуми постои недоверба, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласува дека власта немма изградено доверба во државата, додека во исто време на сила турка попис. Според него треба да се одложи една година и да се применат читачи на отисоци.

– ВМРО-ДПМНЕ предлага прво, да го одложиме за една година, имаме време 2022 година како што направи Германија е сосема доволна бидејќи немаме избори. Второ,  бараме веднаш ако е статистичка операција да се тргнат двата врзани потписа затоа што еве јас ви гарантирам дека тие потписи значат политичка операција. Трето, за да докажеме кој е резидент бидејќи согласно Еуростат вие попишувате резиденти мора да бидат применети читачите на отисоци на прсти или тн. фингерпринти кои согласно новиот Изборен законик се предвидени да бидат дел од следните локални избори во октомври 2021 значи не е дополнителен троошок тие терминали секако мора да бидат набавени,  атака ќе знаеме кои се присутни кои се отсутни тука веќе лажирање, двоен потпис, нагласи Мицкоски.

Тој за крај додава дека доколку сето ова не биде прифатено, и власта продолжи со злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги признае резултатите од пописот.

– Жестоко ќе ги отфрли во периодот кој седи ќе работи на терен истите да ги девалвира, а доколу некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ  ќе повика на непопишување не е така зошто постои казна глоба од 300-400 евра, ние тоа не можеме да го направиме. И да повика ВМРО-ДПМНЕ теоретски дека целата глоба ќе си ја плати секој, тогаш дел од населението ќе се попише, дел нема и ќе има дисбаланс во резултатите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на терен жестоко да ги девалвира, нема да ги признае резултатите од овој попис затоа што не постои доверба. Ако Заев мисли дека треба да прифати попис кој ќе биде политички, а не статистички, каде ќе има мапирање за локалните избори за да може утре да носат вакви или такви подароци, за да ги плати активистите кои работат на избори, тогаш и покрај препораките на ОН, тогаш тоа е негова одлука. Но тогаш и треба сите да сме свесни дека, па повторам пламените јазици што ги гледавте во „Глобал“ 13 години потоа, ќе ги гледате во Македонија ниеколку години подоцна доколку овој човек потрае. а сите да сме свесни за последиците. Затоа е потребно обединување, национално обединување без разлика кој ќе биде  дел од тој камп, истакна Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести