Предраг Мијатовиќ реши да преземе одговорна функција во Партизан, но истовремено останува актуелен и со изјавите поврзани за неговиот друг поранешен клуб, Реал Мадрид.
Црногорската легенда често гостува во емисијата „Ел Ларгуеро“, а тоа го направил и по разочарувачкиот пораз на Реал од Атлетик Билбао.
– За Реал би било добро кога Анчелоти би се налутил на некого.
– Потребен ни е Карло кој е подготвен да испрати некого „по ѓаволите“, а не да биде пацифист.
– Екипата е квалитетна, но во моментов психолошки многу нестабилна. Реал покажа недостаток од самоувереност, делуваше изгубено, – рекол Мијатовиќ и се фокусирал и на Килијан Мбапе.
– Нема да биде лошо ако Мбапе почне некој натпревар од клупата. Потребно му е да се смири, тој ќе ни донесе многу радосни моменти, но не со оваа филозофија, – истакнал поранешниот фудбалер на Реал.