Home » Методија Куновски е нов прв човек на СДСМ во Битола

Методија Куновски е нов прв човек на СДСМ во Битола

by Журнал.мк

Методија Куновски е новиот лидер на општинската организација на СДСМ во Битола, јави локалната телевизија „Тера“. Со решение на претседателот на партијата Венко Филипче деновиве е назначен за претседател. Тој доаѓа на местото на доскорешниот прв човек на битолските социјалдемократи, Драган Крајовски.

Денеска Куновски ја следеше седницата на Советот, а во изјава за „Тера“ рече дека ќе работи на креирање политики кои се изворно социјалдемократски.

„Дојдов да видам чисто како функционира тоа, за во иднина да бидеме многу поспремни за креирање на политики кои се изворно социјалдемократски“, изјави Куновски по седницата, на којашто, како што појасни, присуствувал како што може да присуствува и секој граѓанин на Општина Битола.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk