Оваа одлука е донесена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела ги осуди, како што рече, дестабилизирачките активности на рускиот медиум „Раша тудеј“
Компанијата Мета што ги поседува социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап им забрани пристап на руските државни медиуми до своите платформи.
Забрана од Мета доби руската државна телевизија РТ, за Росија Севодња, како и другите државни медиуми, обвинувајќи ги дека користеле измама за да водат тајни операции преку онлајн влијание.
„По направена детална анализа ја проширивме нашата акција против руските државни медиуми. Русија Север и РТ, како и структурите поврзани со нив се блокирани во нашите апликации на глобално ниво, со цел да се избегне странско мешање“, се вели во соопштението од Мета.
Оттаму посочија дека забраната ќе стапи на сила во наредните денови.
Оваа одлука е донесена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела ги осуди, како што рече, дестабилизирачките активности на рускиот медиум „Раша тудеј“.
Според него, руската државна телевизија е претворена во огранок на руската разузнавачка служба во светот.
Инаку, САД ја обвини руската телевизија РТ дека поради нејзиното влијание Украина не добива доволно поддршка во светот.
СПОДЕЛИ