Ноќеска, во пријателската во која Аргентина убедливо го победи Порторико со 6:0, тој запиша две асистенции.
Така, Меси стана најдобриот асистент во историјата на репрезентативниот фудбал.
Сега има 60 асистенции на своето конто, надминувајќи ги Бразилецот Нејмар и Американецот Лендон Донован, кои имаат по 58. Донован е во пензија, но Нејмар може повторно да си ја врати позицијата.
За потсетување, Меси ја запиша својата прва асистенција пред речиси две децении, на Светското првенство во Германија, кога Аргентина ја декласираше тогашната Србија и Црна Гора со високи 6:0.
Меси сега се враќа во Интер Мајами, кој се подготвува да игра на гостински терен кај Нешвил в сабота.






