Манчестер Јунајтед ја започна оваа сезона со Оле Гунар Солскјер кој по лошите резултати беше притиснат, принуден да си замине од „Олд Трафорд“ по што премиерлигашот одлучи тренерската палка да му ја довери на германскиот стручњак Ралф Рангник.
Рангник треба да е привремено решение, но прашање дали ова беше добар потег на Јунајтед кој делува загубено, постојано губи бодови во шампионатот, доживеа шокантна елиминација на свој терен од Мидлзброу и единствена шанса за трофеј е Лигата на шампионите што е навистина тешка и пеколна мисија.
Има доста коментари за работата на Германецот кој според некогашниот англиски репрезентативец Пол Мерсон мора што побрзо да си замине од клубот, односно воопшто и да не му биде дозволена да ја извршуваа договорената функција во „црвените ѓаволи“ по крајот на сезонава.
– Сто проценти [Рангник нема да биде на чело на Манчестер Јунајтед следната сезона]. Јас имам подеднакви шанси да бидам менаџер, тоа едноставно не го гледам. Прочитав дека велат оти се подобриле, тоа не го гледам. Не ја гледам среќата. Слушам многу работи што излегуваат од Манчестер Јунајтед во овој момент што е само извонредно. Никогаш порано тоа не се случило и тоа е мојата грижа.
– Не го гледам таму и како се движи работата ќе бидат шокиран ако биде во управата ако екипата не обезбеди пласман во Топ 4. Знам дека тоа беше дел од договорот, но мислам дека тоа не е добра работа. Сметам дека ова треба да се прекине порано отколку подоцна во Јунајтед, – порача Мерсон кој не може да сфати како се плаќаат толкави суми за играчи, а не сакаат да се потрошат пари за менаџер.
– Едноставно не ми се верува што прават. Се чека следната сезона за да се донесе нов менаџер, има многу работа која треба да се заврши. Не е само доведување нов менаџер и ајде одиме повторно следната сезона. Тие се оддалечени милион милји и работите мора многу брзо да се променат.
– Би имал некој што е можно поскоро. Плаќате од 70 до 80 милиони фунти за фудбалери, а некои од нив дури и не играат. Зошто да не го отворите ќесето за тренер, ако треба да извадите менаџер од клуб. Според мене, тие се многу важни, – заклучи легендата на Арсенал.