Градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузниот автомобил „ауди“ вреден 67.000 евра.
Случајот против Мерко падна поради недостиг на докази дека сторил кривично дело.
Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба.
Игор Петковски, адвокатот на Мерко пак изјави дека пресудата покажува оти не било сторено никакво кршење на законот при набавката на службените возила, чие вкупна вредност изнесува 114.000 евра.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го товареше Мерко за злоупотреба на службена положба и овластување.