Home » Мерко и Ќоку се соочија во судница

Мерко и Ќоку се соочија во судница

by Журнал.мк

Со фотографија која ја објави на социјалните мрежи, а на која напиша „Јас против корупција“, пратеникот од ВЛЕН, Беќим Ќоку, го иронизираше случајот во кој струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го тужи, за клевета и навреда, затоа што Ќоку на фејсбук напипал дека Мерко е корумпиран. Со завршни зборови на двете страни денес продолкжи судскиот процес во Основниот суд во Струга.

„Оваa изјава е oд март 2023 кога не бев вклучен во ниедна политичка партија,и за мене е апсурдно и саркастично, кога ја знаеме душевната болка која ја имале сите семејства на жртвите особено сега со пожарот во Кочани, со автобуската несреќа, и модуларната болница, иронично е да зборуваме за душевна болест на еден политичар како Рамиз Мерко во однос на душевната болка на тие жртви и семејства на жртвите“, рече Ќоку.

Мерко пред судот рече дека Ќоку во повеќе наврати на социјалните мрежи и тв настапи упатил тешки клевети, кои создале немир кај него и неговото семејство и во неговата работа како градоначалник.Три месеци бил неспособен за работа и посетувал психијатар,

„Што се однесува до корупција, воопшто нема постапки за корупција и не сум осуден за некое дело поврзано со корупција. Дека сум бил неморален, јас имам семејство и деца, градоначалник сум и, имам бизниси“, рече Мерко.

На ова Ќоку рече дека само неколку дена по неговата објава на Фејсбук. Американскиот Стејт депармент го ставил Мерко на црната листа на САД поради корупција и го прогласил за персона нон грата.

„Останувам на тие зборови кои ги напишав тогаш на мојата ФБ страница,и таму ставовите се целосно индивидуални. И тогаш и сега немав друг интерес, освен интересот на граѓаните на Струга и на Северна Македонија. Тужителот е градоначалник на сите граѓани на Струга и целата штета што тој ја има нанесено, како што се корупцијата, мешањето во судството, дивоградбите, е штета која ги допира сите граѓани“, рече Ќоку.

Мерко бара Ќоку да биде осуден за нанесување штета на честа и угледот и да плати казна од 30.000 денари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk